Белград е продолжена рака на Москва на Балканот, обвини косовскиот премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин

Белград е продолжена рака на Москва на Балканот и Приштина веднаш ќе ја укине таксата од 100 отсто на увозот од Србија доколку таа почне да се однесува европски, изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

„Со тоа што и го отворивме нашиот внатрешен пазар, ние на Србија ѝ дадовме стотици милиони за да купува оружје во Москва. Доколку Србија не се смени, тогаш таксата ќе остане засекогаш. Доколку сака да се договориме за меѓусебно признавање и да работи на Балканот според европската и американската логика, ќе ја укинеме таксата уште денеска. Србија е мини-Русија на Балканот“, изјави Харадинај на предновогодишната средба со новинарите.