Меркел: Германија мора да преземе повеќе глобални одговорности

Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја ќе бара да презема повеќе одговоронст во светските работи во идната година. Во новогодишното обраќање таа прецизира дека Германија ќе продолжи да бара глобални решенија за тешките меѓународни прашања, како климатските промени, миграцијата и борбата против меѓународниот тероризам. Германија од први јануари го почнува двегодишното членство во Советот за безбедност на Обединетите нации.