Илјадници граѓани протестираа во српскиот главен град Белград против претседателот Александар Вучиќ и неговата Српска напредна странка. Демонстрантите на 29 декември маршираа мирно низ центарот на градот четврта недела по ред и бараа медиумски слободи, запирање на нападите врз новинарите и врз опозициските политичари.
Тие носеа транспаренти на кои беше напишано „нема да замолчам“, „не сум глупав“ и „зошто се караме со сите соседни земји“.
Вучиќ за време настанот во интервју за провладината телеизија „Студио Б“ рече оти е подготвен да дискутира за барањата на опозицијата.
„Подготвен сум да погледнам што го предизвикува несогласувањето на народот“, рече тој откако беше исмеан од група демонстранти додека влегуваше во зградата на телевизиската станица.
Протестите започнаа минатиот месец, откако група насилници го нападнаа и го тепаа опозицискиот политичар Борко Стефановиќ.