„Македонија треба да има консензуален претседателски кандидат и тоа треба да биде на предлог на партиите кои се носители на важните процеси, во случајот СДСМ и ДУИ“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју за Телма. Османи додаде дека професорот Денко Малескибил оценет од лидерот на ДУИ Али Ахмети како добар кандидат, а тој бил нивен кандидат и во времето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Според него, не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи има важни прашања кои што треба да следат после затворање на процесот на уставните измени.