Досега 12 лица обвинети од предметот „27 април“ имаат добиено решение за амнестија согласно Законот за амнестија. Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски, Јохан Тарчуловски се оние кои добија милост од државата, изјави синоќа претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Јавното обвинителство претходно соопшти дека се доставени вкупно 66 барања за амнестија.