Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија за МИА од Апелациониот суд во Скопје. Одлуката, како што информираат од Апелација, е донесена минатата недела.
Во овој случај, што се однесува на набавката на возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на деветгодишна затворска казна е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Тој, како што напишаа дел од медиумите, е префрлен од затворот „Идризово“ во истражниот затвор „Шутка“, бидејќи второстепениот суд му одредил мерка притвор. Пресудата за затворската казна на Поповски беше донесена во мај годинава.