Точно е дека Законот за амнестија е донесен и со цел за да успее процесот на уставните измени, но и за помирување кое и било потребно на државата, изјави вечерва премиерот Зоран Заев на ТВ24.
„Очекувам дека за овие одлуки јас ќе ја платам политичката цена. Под политичка цена мислам на избори. Граѓаните кажуваат и оценуваат на избори. Да, точно е дека амнестијата ја правиме и за процесот на уставните измени. Од Мицкоски имаме неодговорен однос, зарем не треба да се носат одговорни одлуки. Со профилот на законот се амнестираат пратениците и уметниците. Дурловски, влезе и ја пееше химната. Тој треба да се суди на 20 години затвор? Но, законот е и за да се постигне помирување“, рече Заев и додаде дека до сега 76 пратеници се сигурни за уставните измени.