Пазарџиите до владата: не ни го земајте лебот
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Пазарите во Скопје отсекогаш биле местото каде може да се види лицето на животот на обичните луѓе во Македонија кои тука доаѓаат не само од периферијата, туку и од други градови за да заработат парче леб. Од Нова Година многу пазарџии стравуваат дека ќе останат без работа поради новиот закон со кој се предвидуваат лиценци а на тезгите да не можат да работат хонорарци и пензионери.