Спасовски - Груевски не му побегна на МВР, секојдневно добивам закани

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Никола Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во емисијата „Лица“ на 1ТВ. Тој истакна дека деталите ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР.

Тој посочи дека секојдневно добива закани по живот, но и закани за неговото семејство и неговите соработници.

Според Спасовски, не е аргументиран предлогот за негова интерпелација, односно дека се работи за паушални кажувања.