Макрон изрази жалење за одлуката на Трамп за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека длабоко жали за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече американските војници од Сирија. Тој за време на прес-конференцијата во Чад порача дека сојузниците треба да бидат сигурни едни во други.

Трамп изјави дека донел таква одлука бидејќи милитантната група Исламска држава во Сирија е поразена.