ФЗОМ со нова распределба на квоти за лекови

Директорот на ФЗОМ Ден Дончев

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев најави дека од почетокот на наредната година ќе почне да важи новата распределба на квотите за лекови во аптеките со кои фондот има склучено договор, а треба да овозможи осигурениците да имаат подобра достапност до лекови во текот на целиот месец во аптеките во близина на нивното место на живеење.

За наредната година, според него, предвидени се и дополнителни најмалку 120 милиони денари за лекови на товар на фондот. Околу 500 аптеки како што посочи Дончев, ќе добијат рамномерно зголемување на квотите за околу 20 илјади денари месечно по аптека. Со тоа, сите аптеки, како што порача тој, добиваат фер услови за обезбедување лекови.