Од скопскиот аеродром утрово се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетегорг, откако од вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.
Од информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“ може да се види дека одредени летови до и од Скопје доцнат и по неколку часови. Првото слетување на аеродромот во Скопје било ноќеска во 2 часот по полноќ, кога пристигнал авион на Визер од Франкфурт.