Ѓукановиќ ја обвини Србија дека ги заострува односите со соседите

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ на националната телевизија изјави рече дека Србија последните години ги заострува односите со соседите, односно со Загреб, Приштина, па и со Подгорица. Според него, Србија никако да сфати дека Црна Гора не носи просрпски и антисрпски одлуки, туку одлуки кои се во интерес на земјата. Тој порача и дека се уште не треба да се зборува за целосно свртување на српската државна политика кон Русија.

„Јасно е дека руските интереси не се за тоа Балканот динамично да напредува кон европските, а особено кон евроатланските интеграции. Засега Русите се само против интеграциите во НАТО, иако за мене е сосема јасно дека тие се и против интеграцијата на регионот во ЕУ“, истакна Ѓукановиќ.