Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос во честитката по повод Новогодишните и Божиќните празници, упатена до Грците во дијаспората ги повтори неговите позиции од изминатиот период за односите со Македонија,
„Не сме подготвени во пресрет на дефинирањето на договорот од Преспа и секако пред неговата ратификација, да прифатиме толкувања на Договорот од Преспа кои што се своеволни или зрачат иредентизам, бидејќи уште ништо не е завршено“, порача Павлопулос.
Тој истакна дека Грција очекува да биде исполнета обврската за имена на Уставот на Македонија, а штом се утврди дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе може да постои покана за членство во НАТО, како и било каков почеток на разговори за пристапот на земјата кон Европската унија.
„Исто така, само тогаш ќе може да се финализира и содржината на Договорот меѓу Грција и земјата и да дојде за ратификација во грчкиот парламент“, рече Павлопулос.