Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината за перење пари во случајот „Талир“, доби условна казна

Во случајот „Талир“ за прв пат ВМРО-ДПМНЕ како правно лице се јавува како обвинет

Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот „Талир“ и се спогоди со специјалното јавно обвинителство по што Судот денеска ја осуди на двегодишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело.

Според нејзиниот адвокат Дејан Павлоски, „Чингаровска била последнообвинета за случајот и таа не знаела од каде потекнуваат парите кои влегувале во партијата. Од тие причини таа ја признала вината и се спогодила се специјалното јавно обвинителство.

Чингаровска беше обвинета во случајот „Талир“ за перење пари. Во истиот случај, за првпат и ВМРО-ДПМНЕ како правно лице е обвинето за незаконското финансирање на партијата, а првообвинет е Никола Груевски. Обвинети во случајот се и: Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димоски и Леко Ристоски.