Заев - Могерини: Македонија се врати на патот кон ЕУ

Архивска фотографија - Премиерот Зоран Заев и високaтa претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини во Брисел.

Македонија се врати на правиот пат кон ЕУ и направи многу исчекори напред во евроинтегративниот процес, констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, соопштуваат од владината прес- служба. Од таму соопштуваат дека било поздравено успешното затворање на прашањата со соседите, реформскиот процес преку зацртаниот План 18, како и донесувањето на Законот за амнестија, што треба да го помогне процесот на помирување и да го обезбеди владеењето на правото.

На средбата е потенцирана и важноста од успешното заокружување на процесот во Парламентот на гласање на уставните амандмани и за реализација на Договорот од Преспа, како и важностаод имплементацијата на клучните реформи, посебно во правосудството со цел отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година.