Автобус со македонски регистарски таблици околу 1.45 по полноќ на автопат во Србија, во близина на исклучувањето кон Лесковац, излетал од патот и се превретел, јавуваат српските медиуми. Како што јавува РТС во несреќата загинале три лица, а 32 се повредени. Во болницата во Лесковац примени се 28 лица, а во во болницата во Ниш четири. Меѓу повредените има и четворицата со тешки телесни повреди, но како што се јавува, тие се надвор од животна опасност. Според српските медиуми автобусот тргнал околу 20 часот од Прилеп и патувал кон Виена.