Новинарот Младен Чадиковски денеска е избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија. Тој доби 86 гласа од членовите, а за неговиот противкандидат Столе Наумов гласаа 77 членови. Вкупно на собранието присуствуваа 175 членови, a здружението има вкупно 555 членови.
“Нема компромис за слободата на медиумите и професионализација на новинарството во Македонија” рече Чадиковски по неговиот избор.
Досега во два мандата, односно осум години, функцијата претседател на ЗНМ ја вршеше Насер Селмани. Денешното беше редовно собрание на здружението кое постои од 1946 година. На него беа избрани и членовиот на управниот и надзорниот одбор и Советот на честа. Нивните мандати, исто како и на претседателот, траат четири години.