Почина градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски

Јован Стојаноски

Денеска почина градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски. Според неофицијални информации причината за смртта е инфаркт. Стојаноски е роден 1970 година Охрид. Функцијата градоначалник ја презема на 20 октомври лани, а претходно беше советник во општината од редовите на СДСМ.