Амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар вчера се сретнал со пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на својот профил на социјалната мрежа Твитер наведе дека се сретнал со пратениците кои ги поддржуваат реформите за интеграција во ЕУ, помирувањето и дебатата за уставните амандмани.
“Сериозно сум загрижен поради информациите за постојани притисоци врз нив и нивните фамилии” напиша Жбогар.
Во друг пост на Твитер тој пишува дека сите пратеници треба да имаат слобода да го извршуваат својот мандат во согласност со сопствените убедувања.
“Од сите политичари и други актери очекуваме дека ќе го почитуваат ова уставно право, како во однос на работата, така и во однос на приватниот живот”, пишува Жбогар.