Воената кампања на Мјанмар против Рохинџа е геноцид, изгласа Претставничкиот дом на САД

Рохинга деца во прифатилиште во Бангладеш каде голем број припадници на заедницата Рохинџа избегаа од мјанмарската армија

Претставничкиот дом на САД одобри резолуција со 394 гласа наспроти еден, со која воената кампања на Мјанмар против Рохинџа ја прогласи за геноцид, објави Гласот на Америка. Извештајот на Обединетите нации од август забележува дека војската извршува масовни убиства и силувања со намера за геноцид, и ги повика официјалните лица на Мјанмар дефинитивно за првпат да се соочат со ваквите обвинувања.

Убивањата ги алармираа Обединетите нации и бројни политички лидери и борци за човекови права, да го доведат во прашање демократскиот напредок на државата. Армијата на Мјанмар ги негираше претходните обвинувања дека извршила геноцид, велејќи дека нејзините акции биле дел од антитерористичката кампања.