Неколку илјади антивладини демонстранти се судриле со полицијата пред зградата на унгарскиот парламент во Будимпешта, а полицијата употребила солзавец за да ги растера. И покрај повиците за мирен собир, некои демонстранти почнале да фрлаат шишиња и запаливи бомби кон полицијата која го чувала Парламентот. Демонстрантите извикувале пароли против премиерот Виктор Орбан поради неодамнешните измени на законот за работни односи кој, според синдикатите, ги влошува условите за работниците.