Лидерите на Европската унија го отфрлија барањето на британската премиерка Тереза Меј за повторно преговорање околу договорот за излегување на Британија од Унијата. Тие најавија дека ќе се подготват за евентуалното пропаѓање на овој договор. Меј отпатува за Брисел ден откако го преживеа гласањето за доверба од пратениците на нејзината Конзервативна партија кои имаат забелешки за условите под кои Британија ќе ја напушти Унијата во март догодина. „Нашите британски пријатели треба да кажат што тие сакаат, а не да не прашуваат што сакаме ние“, изјави претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.