Американскиот државен секретар Мајк Помпео и вршителот на должноста грчки министер за надворешни работи Јоргос Катругалос во Вашингтон го започнаа инаугуративниот стратешки дијалог меѓу САД и Грција. Двајцата ја потврдија својата заложба за продлабочување на билатералната соработка во клучните области за заедничка корист на двете земји. Помпео, како што соопшти Стејт департментот, ја истакна важноста на Грција како столб на стабилност во Источен Медитеран и Балканот и ги пофали грчките придонеси како НАТО. Тој ја потврди и силната поддршка на САД за грчкото раководство во постигнувањето на историскиот Преспански договор. Американскиот државен секретар ичеститаше на Грција за нејзиниот излез од програмите за финансиска помош и понуди континуирана поддршка за економското закрепнување на Грција. Двајцата се согласија да продолжат да работат заедно за да промовираат стабилност и просперитет на Балканот.