Мијалков нуди гаранција од еден милион евра за да излезе од Шутка

Архивска фотографија: Сашо Мијалков пред Суд

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков понудил гаранција од еден милион евра за да излезе од притворот во Шутка, потврди неговиот адвокат Љупчо Шврговски. За понудената гаранција треба да одлучи судија за претходна постапка. На 20 ноември на Мијалков му беше определен притвор за предметот за прислушувањето „Таргет-Тврдина“. Специјалното јавно обвинителство по десетина дена побара да се укине тој притвор и побара нов за истрагата за „Империја“.