Оставки на министри, намалување на даноците, гасификација на Македонија како и предновогодишен телевизиски дуел со премиерот Зоран Заев вечерва на митингот пред Владата на РМ побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
"Веднаш оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поради мафијашките пресметки и криминалот како и поради претресите во домовите на оние што протестираат со ВМРО-ДПМНЕ. Оставка на министерот за надворешни работи Никола Димитров поради националните омаловажувања на нашиот народ и заради тоа што не нарече искомплексирана нација", побара Мицкоски.
Тој, како и на минатите протести го повика претседателот на Владата Заев на тв дуел на, како што рече, која било телевизија, односно на која тој сака.
„Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за „вмровските работи“, изајви Мицкоски
Мицкоски во својот говор обвини дека Заев ги излажал докторите за зголемување на платите, како и на матичните лекари или на стоматолозите оти ќе им ја зголемена капитација.
Тој обвини дека ги нема ветените реформи во судството и дека според корупцијата сме биле како африканска земја, а не европска.