Поранешниот македонски премиер Никола Груевски денеска беше снимен од унгарски новинар во ресторан во Будимпешта. На видеото се гледа како влегува во автомобил со возач. Тој не одговори на прашањето како стигнал до Унгарија и кој му помогнал во бегството од Македонија.
Еден месец по бегството на Груевски во Унгарија поради избегнување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, новинар на британски „Гардијан“ вчера објави негова фотографија на Фејсбук.
" Го фатив жив! Пребегниот екс македонски премиер забележан во Будимпешта", напиша дописникот на Гардијан од Будимпешта, Даниел Нолан на Фејсбук.
На фотографијата, прва откако Груевски е избеган од Македонија, се гледаат тој и уште едно лице во близина на пивница во главниот град на Унгарија.
Груевски ја напушти Македонија на 12-ти минатиот месец. Со помош на унгарски дипломати, преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.