Усвоен закон за практикантство за поголема вработливост на младите

Седница на Владата на Република Македонија

Целосно искористување на потенцијалот на практичната работа, како и овозможување голем број млади невработени лица без практично искуство, одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што ќе станат поконкурентни и полесноќе се вклучат на пазарот на трудот, има за цел Предлог-законот за практикантство што го усвои Владата. Предлог-законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавачот да добива месечен надоместок и тоа: од 42 отсто до 74 отсто од минималната нето плата, за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата, за практикантска работа над три месеци.