Вицепремиерката на Бугарија и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева изјави денеска дека од национален интерес на нејзината земја е Македонија да биде дел од НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ. Таа одговорајќи на новинарски прашања по повод толкувањата околу историските прашања на двете земји потенцирала дека со потпишувањето на Договорот за добрососедство не значи дека се е завршено и дека ова е само почеток на еден процес кој треба да се заврши со позитивен исход за двете страни.
Захариева порача дека очекува Бугарско-македонската експертска комисија за историски и образовни прашања да постигне заедничка позиција по однос на историјата. Со тоа, според неа не се прави ништо погрешно, туку ќе се каже вистината за историјата за двете држави. Захариева смета дека не смее да останат нерешени прашања пред зачленувањето на Македонија во ЕУ.