Комисиската расправа за амандманите на Уставот, кои произлегуваат како обврска од Преспанскиот договор, ќе започне на 17 декември, пленарната седница на Собранието треба најрано да биде закажана на 9 јануари идната година, а гласањето да се случи на 15 јануари, изјави денеска претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.
Тој ова го кажа на заедничката прес-конференција со неговиот албански колега Грамоз Ручи кој е во посета на Македонија.
Во однос на изразената загриженост на лидерот на ДУИ Али Ахмети околу усвојувањето на уставните амандмани, Џафери смета дека тоа е веројатно, како што вели, апел за да се има внимание во постапувањето натаму за да не се иритира, односно провоцира ситуација која би била во спротивност со определбите за целосна имплементација на договорот од Преспа.