Бугарија не барала помош од македонските власти во истрагата за продажбата на бугарски пасоши, изјави премиерот Зоран Заев пред бугарските новинари во Лисабон, каде што учествуваше на Конгресот на ПЕС.
"Нам ни е јасно дека многу Македонци имаат бугарски пасоши и ние имаме Бугари во Македонија. Ние немаме проблем, но ако нешто е нелегално, Бугарија ќе си го востанови тоа", изјави Заев додавајќи дека Македонците имаат само корист од Спогодбата за соседство со Бугарија.
Премиерот рече дека помеѓу 15 и 25 јануари, Парламентот конечно треба да ги усвои уставните измени за името на Северна Македонија и изрази уверување дека двотретинско мнозинство ќе биде прифатено за прифаќање на промените и дека парламентот ќе го обезбеди единството на Македонија.
“Бидејќи со овој договор, како и досега со договорот со Бугарија, ние ги прекинавме нашите билатерални проблеми со соседите, објасни тој. И тие сé уште треба да им докажат на граѓаните на Грција и на Македонија дека ова е само за добро. Како и со Бугарија, сите виделе дека има само бенефиции”, изјави македонскиот премиер.
Во однос на својот претходник, Никола Груевски и бегството, Заев рече дека е редно време Унгарија да го врати осудениот политичар.