Шефот на чешката контраразузнавачка служба Михал Куделка денеска изјави дека неговата служба оваа година разбила руска шпионска мрежа и целосно ги парализирала нејзините активности. Куделка рече дека чешката служба БИС спречила десетици руски и кинески шпиони да работата на чешка територија во изминатите пет години. Чешкиот претседател Милош Земан вчера го отфрли годишниот извештај на БИС, во кој се предупредува на активностите на руските и на кинеските шпиони и се наведува дека е „очигледно“ дека Русија стои зад компјутерските напади врз чешкото Министерство за надворешни работи. Во извештајот се наведува дека руските и кинески шпиони работат од нивните амбасади во Прага. Земан, познат по проруските и прокинеските ставови, рече дека во извештајот недостигаат докази и дека работата на службата се влошува. Премиерот Андреј Бабиш ги отфрли критиките на претседателот, наведувајќи дека неговата влада нема замерки на БИС.