Иванов го обвини УБК за генерирање кризи

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во кабинетот на претседателот никогаш не се разговарало за прогласување на воена или вонредна состојба, изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов во обраќањето до јавноста. Тој воедно ги повика странските претставници да посочат дали и кој правел некаков присток врз него за да биде прогласена таква состојба. Тој обвини дека УБК е главното жариште на политичките и безбедносните кризи во Македонија.