Американскиот специјален советник Роберт Мулер кој ги истражува врските меѓу соработници на претседателот Доналд Трамп и руски официјални претставници препорача екс советникот за национална безбедност Мајкл Флин да не добие затворска казна. Според дописот, Флин дал, како што се наведува, „важна асистенција“, како и информации за врските или координацијата меѓу руската влада и изборниот штаб на Трамп. На Флин овој месец треба да му биде изречена казната.