На предлог на Советот на Европа, ЕУ, ЕБРД, ОЕЦД и ОЛАФ, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, е избрана за член на шестчлениот меѓународен Панел на правни експерти за избор на судии во Високиот Антикорупциски суд во Украина. Ова експертско тело, има за задача да го помогне изборот на судии со висок професионален и личен интегритет кои ќе работат во областа на антикорупциското судство во Украина. Покрај неа во ова тело избрани се уште пет експерти од Велика Британија, Канада, Данска и Литванија.
Лазарова Трајковска е поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и поранешна судија на Уставниот суд на Република Македонија.