Премиерот на Изреал Бенјамин Нетанјаху одговори на препораката на полицијата дека против него и неговата сопруга Сара ќе побара да се покрене обвинение за мито, оценувајќи го тој потег за лов на вештерки. Тој додаде дека истрагата била нечиста уште од нејзиниот почеток и ги отфрли сомнежите за корупција како обид на медиумите и непријателите да го уништат политички. Ова е трет предлог на полицијата да го обвини премиерот за мито.