На насилните протести во текот на викендов во Париз биле запалени 112 автомобили и шест згради, соопшти полицијата, наведувајќи дека во судирите со нејзините припадници некои од учесниците користеле чекани, лопати и други градинарски алатки. Во бунтот во кој се претвори протестот поради зголемувањето на данокот на гориво учествувале и крајни десничарски и крајни левичартски активисти, како и голем број демонстранти кои носеле „жолти елеци“ кои ги организираат протестите во Франција против новите даноци на горивото. Полицијата уапсила над 400 демонстранти, од кои повеќето се задржани во притвор.