Собранието, со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани, го усвои и вториот нацрт-амандман на Уставот, со кој се предвидува зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ”, а тука се додава и Охридскиот рамковен договор. Претходно, пратениците го усвоија и нацрт-амандманот за промена на името на државата според кој зборовите „Република Македонија“ и Македонија“ се заменуваат со „Република Северна Македонија„, односно „Северна Македонија“.
Собраниската расправа од оваа втора фаза уставни измени продолжува утре во 11 часот. По усвојувањето на четирите предложени амандмани во Собранието, Владата ќе треба да организира јавна расправа од три дена, по која што ќе треба да достави извештај до Собранието.
Финалното носење на амандманите ќе следи по владиниот извештај, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница, за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство.