Поранешниот премиер Никола Груевски побарал азил во Амбасадата на Унгарија во Тирана, потврдија за Радио Слободна Европа од унгарското Министерство за надворешни работи. Во одговорот на прашањата од РСЕ, од Министерството велат дека тие „немаат информации на кој начин Груевски ја напиштил Македонија, но додаваат дека тој во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи“. Претходно, од унгарското МНР велеа дека немаат информација како поранешниот македонски премиер стасал во Будимпешта.
Од унгарското МНР, во дописот до РСЕ, велат дека „барањето политички азил од Груевски не е политичко туку правно прашање и дека Унгарија работи на развојот на добрите билатерални односи со Македонија и дека и понатаму ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ“.
На прашањето од РСЕ, дали Груевски користел унгарски дипломатски возила за да стаса до Унгарија, од унгарското МНР велат дека „немаат такви податоци.
Одговорна ова прашање немаат ниту во Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, од каде ни рекоа дека „тие не се институција надлежна за ваков вид податоци“.
РСЕ побара официјални податоци и од унгарската Управа за миграција и азил, но одговор се уште нема.