Иницијативата „Македонија блокира“ и Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои проруската партија на Јанко Бачев, „Единствена Македонија“, започна со протестите пред Собранието во кое почна расправата од фтората фаза за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор на Македонија и Грција.
Околу 200 граѓани, кои облечени во жолти елеци, пред Собранието пеат патриотски песни, бараат итна оставка од Владата и најавуваат дека ќе постават шатори пред Парламентот и ќе останат таму да ја дочекаат Нова година. Тие го критикуваа МВР дека со тоа што поставило двојна ограда и ја преместило во поширок круг околу Собранието, ги провоцираат оние кои денеска протестираат против уставните измени.