Бугарско-македонско чествување на Кирил и Методиј и Григор Прличев, предлага заедничката комисија

Според Договорот на Македонија и Бугарија, двете држави веќе го слават заедно револуционерот Гоце Делчев

Македонија и Бугарија заедно да ги одбележуваат празниците посветени на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев. Ова, како што објави бугарската новинаска агенција БТА, мултидисциплинарната експертска комисија меѓу двете држави ќе им прдложи на владите во Сокопје и Софија.

„Со нашите колеги од Република Македонија се согласивме од научна гледна точка да оправдаме зошто нашите две влади треба да продолжат да го слават заеднички Денот на светите браќа Кирил и Методиј“, изјави претседателот на комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров, по третото заседание на заедничката комисија, кој потврди дека е постигната е согласност и за предлог во двете држави да биде почитуван и одбележуван заеднички и преродбеникот Григор Прличев.