Секоја година се зголемува бројот на сиромашни лица

Архива: млада самохрана мајка со двегодишно дете, питачи во центарот на Скопје.

Над 22 проценти од вкупниот број на населението во Македонија е сиромашно, а детската сиромаштија е близу до 30 проценти. Степенот на сиромаштија во Македонија секоја година е се повисок.

Овие податоци денеска ги соопшти Здружението „Платформа против сиромаштија“ на денешната работилница во Струмица.

„Не се бележи стагнација или пад. Се посиромашни се семејствата кои имаат деца, а детската сиромаштија е во пораст во изминатата година и за жал имаме луѓе кои се повеќе се на работ на сиромаштијата и тешко излегуваат од неа“, изјави претседателката на Платформата Билјана Дуковска.

Според Соња Таневска, помошник претставник на Фондот за население при Обединетите нации, на сиромаштијата влијаат повеќе фактори, истакнувајќи дека бројките на населението треба да покажат кои се луѓето кои се најмногу обесправени, во какви услови живеат и со какви проблеми се соочуваат, а пописот како најголема статистичка операција треба да ги обезбеди податоците за најразлични карактеристики за населението.

Според „Платоформата против сиромаштија“ најпогодени се бездомните лица, лицата со попреченост, млади и постари сиромашни лица, како и обесправени жени и девојки