Лидерите на САД, Мексико и Канада потпишаа нов северноамерикански трговски договор

Претседателите на Мексико и на САД, Енрике Пења Нијето и Доналд Трамп, и канадскиот премиер Џастин Трудо го потпишаа новиот трговски договор

Лидерите на САД, Мексико и Канада денеска во Буенос Аирес го потпишаа новиот северноамерикански трговски договор, кој треба да го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА). Договорот го потпишаа претседателите на САД и на Мексико, Доналд Трамп и Енрике Пења Нијето, и канадскиот премиер Џастин Трудо, на маргините на Самитот Г20 го во главниот град на Аргентина. За новиот договор да стапи на сила, треба да биде ратификуван од парламентите на сите три земји.

Во меѓувреме, Владата на Мексико го одликува Џеред Кушнер, зетот на Трамп и советник во Белата куќа, со Орденот на ацтечкиот орел, највисокото мексиканско одликување на за странци. Мексиканското министерство за надворешни работи соопшти дека Кушнер е одликуван поради неговите активности во преговорите за новиот трговски договор.