Кинеската владејачка Комунистичка партија почна со програма за размесување на над еден милион свои членови во домовите на муслиманските малцинства на западот на земјата. Со програмата за преселување 1,1 милиони јавни службеници, како што објави официјалното партиско гласило, ќе се намали сиромаштијата во автономниот регион Синџијанг и ќе допринесе за етничко единство меѓу Кинезите и муслиманските малцинства, меѓу кои најбројни се Ујгурите, пренесува Асошиејтед прес.
Аналитичарите наведуваат дека суштината на таа програма на кинеската влада е вметнување на „доушници“ во дневните соби и трпезариите на муслиманите, како и во нивните објекти за молитва, венчавки, погреби и други прилики кои се сметаат за приватни и интимни.