Десетици китови денеска масовно се насукаа и угинаа на Нов Зеланд, помалку од една недела од сличниот инцидент кога се насукаа 145 китови и девет џуџести китови убијци.
Околу 90 китови синоќа се насукале во заливот Хенсон на оддалечените Чатамски Острови со околу 600 жители. Службата за заштита на животни соопшти дека на брегот затекнале 50 угинати китови, додека 40 успеале да се вратат во водата.
Минатиот викенд 145 китови угинаа или беа успиени на островот Стјуарт, каде што се насукаа.
Во неделата на Северниот Остров беа пронајдени 10 џуџести китови убијци. И покрај напорите на околу 200 луѓе, кои успеаја да вратат осум китови во водата, сите освен еден до средата повторно се насукаа и беа успиени.
Засега нема докази кои укажуваат дека овие настани се поврзани.
Китовите може да се насукаат од низа причини – погешна навигација, бегство од предатори, повреда или болест, како и поради човечкиот фактор, на пример, подводна бучава.