Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска на Твитер објави дека ја откажува средбата со неговиот руски колега, претседателот Владимир Путин, плнирана да се одржи на самитот Г20, поради запленувањето на украинските бродови од Русија.
"Врз основа на фактот дека бродовите и морнарите не се вратени во Украина од Русија, одлучив дека е најдобро за сите заинтересирани страни да го откажам мојот претходно закажан состанок ... во Аргентина со претседателот Владимир Путин", објави Трамп на Твитер.
Рускиот претседателски портпарол, Дмитриј Песков, за руските медиуми рече дека Кремаљ нема добиено никакви официјални информации за откажувањето на закажаната средба меѓу Путин и Трамп во Аргентина и дека Путин ќе учествува на самитот на Г20 во Аргентина.
Минатиот викенд, руските сили отворија оган врз украински бродови и запленија 24 морнари во Црното Море покрај брегот на Кримскиот полуостров кој е под контрола на Русија. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека запленувањето на украинските бродови од Русија претставува "опасна ескалација и кршење на меѓународното право".