Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев, порача вечерва од пред зградата на Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на што насобраните извикуваа оставка.
“Денеска почнуваме, а ќе одиме и ширум Македонија преку викенд и ќе одиме секоја среда, овде, пред платото на Владата на Република Македонија” рече Мицкоски.
Тој нагласи и дека излегле заради националното понижувања, затоа што Македонија била обвиткана со темнило, а сите ќе се обединиле за да ја урнеле оваа “неспособна и криминална власт”.
“Нашиот револт ќе биде изразен поинаку, нема да биде како тие што правеа, бидејќи ние ова го градевме. Нашиот револт е граѓански, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината” рече Мицкоски.
Денешниот протестен марш почна од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со извиците “оставка”, “криминалци”, “Македонија” и скандирања ВМРО-ДПМНЕ симпатизерите и поддржувачите се упатија кон зградата на Владата. Колоната ја предводеше партискиот лидер Мицкоски придржуван од партиското раководство, а насобраните повремено го извикуваа и неговото име и ја пеејапесната “Едно име имаме”.