КФОР, на својата официјална страница, денеска соопшти дека во следните денови ќе изведе вежби во северно Косово.
„Трупи на КФОР ќе појдат и ќе се распоредат долж главните патишта, согласно мандатот добиен од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност. Ова е нормална активност, која нема поврзаност со каква и да е посебна закана или загриженост. Ситуацијата е под контрола и КФОР продолжува со заштита на сите граѓани во Косово, како што тоа го прави од 1999 година“, се наведува во соопштението на КФОР.