Апелација одлучи - Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор

Архивска фотографија: Поранешниот министер Миле Јанакиески пред Суд

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски остануваат во притвор во „Шутка“. Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје им ги одби жалбите како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор, соопштуваат од Апелацискиот суд Скопје.

Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот. Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот. Според Јанакиески, при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите, конвенциите и човековите права.