Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев демантираше дека комуницирал со Никола Груевски непосредно пред тој да ја напушти државата. Премиерот за време на денешната посеата на Струмица рече дека таа информација веќе ја демантирал на телевизијата Алсат М каде беше објавено дека Груевски пред бегството разговарал со Заев.

"Таман работа, ќе испадне дека заедно тоа сме го договарале. Откога сум премиер, една и пол година, со Груевски немам никакви контакти. Последните контакти беа кога беше заробен, заглавен Парламентот во таа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани на 27 април. Тоа беше таму, во Парламнтот, кога разговаравме да одблокирање на процесот, дека е јасно оти мнозинството постои и да не ја мачиме Македонија и македонските институции. Тогаш беа последните разговори" изјави Заев.